Децата кои растат со баба и дедо се посреќни, попаметни и пообразовани

Љубовта, грижата и поддршката на бабите и дедовците имаат благотворно влијание врз внуците. За тоа сведочат бројни научни студии.

1. Ризикот од депресија е намален.

Емоционалната блискост меѓу бабите и дедовците и внуците го намалува ризикот од депресија кај децата. Во студијата објавена во списанието „Геронтолог“, учествувале 356 внуци и 374 баби и дедовци. А кога научниците од Бостонскиот колеџ ги анализирале податоците што ги собирале 19 години, се покажало дека ризикот од депресија се намалува и кај постарите и кај помладите генерации.

2. Се зголемува чувството на стабилност и сигурност.

Бабите и дедовците им влеваат на внуците чувство на стабилност и емоционална сигурност. И во трауматски ситуации или за време на семејни кавги, бабите и дедовците често ги поддржуваат своите внуци.

Истражувањето на Универзитетот Оксфорд покажа дека блиската врска меѓу внуците и постарите генерации им помага на децата да се справат со трауматични животни настани, како што се малтретирањето на училиште или разводот на родителите.

Истражувањето предводено од професорката Ен Бјукенан опфатило повеќе од 1.500 деца и покажало дека оние кои имале блиски односи со нивните баби и дедовци имале помалку емоционални тешкотии и проблеми во однесувањето. Освен тоа, таквите деца имале поразвиено чувство за самосвест, што им олеснило да ги надминат тешкотиите.

3. Ја олеснуваат задачата на родителите.

Родителите понекогаш немаат доволно време за игри и разговор со децата. Бабите и дедовците често ги заменуваат родителите за децата, особено кога им треба игра и забава. Освен тоа, поретко ги караат децата, па внуците се подготвени да им ги откријат своите тајни.

Сето тоа ја подобрува општата емотивна атмосфера во семејството, бидејќи и родителите се посмирени, знаејќи дека на децата им е добро и додека ги нема. 

Извор: uspesnazena.com