Дали и вие често мислите - сите живеат подобро и имаат повеќе од мене?!

фото:unsplash

Како да престанете да се споредувате со другите - мислењето дека секој живее подобро од вас може да биде токсично!

Дали често се споредувате со други луѓе? Дали забележувате дека некој има подобра работа, автомобил или стан? Некој има добар љубовен живот, а вие се уште сте сами? Колку често ја споредувате својата со туѓа заработка?

Таквите мисли можат да бидат токсични и фрустрирачки. Наместо да ве мотивираат да напредувате, тие можат да ве демотивираат, да направат да се чувствувате лошо, да ја загрозат вашата самодоверба, а кај некои да ја предизвикаат и една од најтоксичните емоции - зависта.
Запомнете, единствената личност со која треба да се споредувате се само самите вие! Не обидувајте се да бидете подобри од другите, туку фокусирајте се на личниот развој и напредок - бидете подобра верзија од себеси вчера, напредувајте во однос на себе во минатото.

Луѓето ги формираат своите ставови за тоа дали нешто е добро и лошо врз основа на ставовите на нивните соседи, пријатели, колеги... Изберете да го живеете само својот живот и вашите соништа!

Кога мислите дека сите други живеат подобро од вас, затворете ги очите и наведете барем 10 работи за кои сте благодарни и среќни што ги имате. Кога ќе почнете да набројувате, ќе сфатите дека ги има многу.

Верувајте во себе, фокусирајте се на вашето битие и развој - тогаш ќе се отворат многу патишта за вас!

извор:zenskikutak