Честитки: Ракометарот Филип Талески стана татко на уште една принцеза

Ракометарот Филип Талески стана татко по втор пат. Имено тој денеска доби уште една ќерка од бракот со сопругата Ена. Веста на социјалните мрежи ја сподели сопругата на неговиот колега, голманот Борко Ристовски. Нина која исто така е во блажена состојба по втор пат им честиташе на среќните родители.

Репрезентативецот Филип Талески во 2019-та година стапи во брак со битолчанката Ена Секуловска, во родното Крушево, а истата година претходно тие ја добија ќерката Софиа.