Цеца Ражнатовиќ мора на операција во Турција: Пејачката ги откри деталите

Ниту нејзиното опоравување нема да биде лесно, но една работа ѝ е многу важна

Пејачката Цеца Ражнатовиќ во новата епизода на серијата „Цеца шоу“ откри дека ќе мора да оди на сложена операција, која трае дури шест часа.

Цеца ќе се оперира во Истанбул на клиника специјализирана за нејзиниот здравствен проблем.

Операцијата ќе трае најмалку 6 часа, по што ќе мора да закрепнува две недели.

- Таму ќе останеме најмалку 12 дена. Докторот ми рече дека операцијата ќе трае шест часа, дека тоа е стандард за таа интервенција - изјави Цеца.

Како што раскажува Цеца во новата епизода, оваа операција не можела да се одложи.

- Морам да одам на таа операција, дали сега или за два месеци, морам да одам. Знам дека операцијата трае, но сакам да ја решам и да се чувствувам добро во своја кожа - изјави Ражнатовиќ.

Таа истака дека не се плаши, бидејќи има доверба во докторот што го избрала.

- Не се плашам, кога бев со него на консултации, тој ми даде доверба. Го следам 2, 3 години преку социјалните мрежи што и како работи и ми се допаѓа тоа што сум го видела. Немам никаков страв, не се двоумам, навистина ми даде самодоверба. Мило ми е што конечно ќе го решам, и повеќе да немам проблеми со тоа - вели таа.

Таа посочува дека најважно и било да ја оперира врвен специјалист за да нема никакви последици.

- Барем некој што е врвен хирург ќе го реши за да немам последици на мојата кожа после таа интервенција. Тоа ми е многу важно, јас сум жена – објасни Цеца.

Цеца по операцијата ќе биде задржана во болница најмалку 48 часа, по што ќе може да го продолжи опоравувањето во хотелот.

- Генерално за таа интервенција задржуваат 48 часа поради мојот здравствен проблем, но можеби ќе ме држат 72 часа. После тоа ќе треба да одморам, ќе можам да се движам колку што ќе можам - изјави Цеца.



Фото и Видео: Youtube