Бомбакис ја покажа ќеркичката Бисера: Тато има најубав Божиќ

Во семејството на Кристијан Станковски, познат во јавноста како Бомбакис има принова.

На социјалните мрежи, каде што е активен најчесто, момчето со пораки на картони, сподели убави вести, дека ќе стане татко, а ексклузивно за нашиот портал уште тогаш Бомбакис откри дека заедно со неговата сопруга Вики очекуваат девојче кое ќе го добие името Бисера.

„После сите глупости што ми се случија во животот редно време беше убави работи да се случат. Кога дознав прв пат не знаев што да направам, збунет и некоја чудна среќа и емоции неразбирливи. Секако позитивни… и се уште не сум свесен, но полека полека, се радувам на тоа што следи, и само за убаво да е на сите им посакувам вакво нешто!“, ни изјави Бомбакис тогаш.

Сега, еве ја Бисера. Тато се фотографираше со најмилото