Бајковито запросување во Дубаи: Блогерката Стефанија Несторовска кажа „да“ на романтична вечера (ВИДЕО)

Стефанија Несторовска е девојка од Скопје на која вежбањето ѝ е дел од секојдневната рутина веќе неколку години. Желбата за подобра исхрана спонтано се разви во она што денес претставува Инстаграм профилот на младата девојка, а ја охрабри и да го отвори локалот каде може да најдете само здрава храна „Хелтиш“. Нејзините рецепти ги обожаваат сите, а нивното смислување и тестирање за Стефанија претставува релаксација.

Овојпат Стефанија сподели интимно видео од патувањето со партнерот Стефан во Дубаи. Имено тој таму ја побара за жена, а таа го кажа судбоносното „да“ на романтична вечера, од локалот каде има неверојатен поглед на Бурџ Калифа.