„Фрајле” убедливо ја освоија публиката во Скопје: Концерт со емоции и неверојатна енергија

Три гласа, маркантната појава и различниот сензибилитет, а енергија на сите страни.

Членките на новосадскиот бенд „Фрајле” убедливо ја освојуваат публиката низ Балканот. Оваа година одбележуваат цели 15 години работа и по тој повод ја најавија својата балканска турнеја, а на нивната листа секако вчера беше и Скопје. 

„Македонска филхармонија” беше местото кое експлодираше од емоции, а тие направија вистинска забава за сите присутни.

Наташа, Невена и Јелена, познати по нивната појава и музички стил кој се толкува како „Војводинско танго” во овие долги години „музичко патување” го пропатувале половина свет со својата музикa. 

На листата на нивни настапи се бројат и оние на 10.000 метри во авион, во Европскиот парламент, но и редица бесплатни концерти во болници и детски градинки.спонтани и шармантни дами, секогаш одново ја изненадуваат својата публика со стихови, ноти и емоции кои го допираат срцето. Зад себе имаат неколку студиски албуми, а покрај одличните авторски песни, „Фрајле” се исклучителни и во обработките.

С.А.Н

Фото: Вангел Тануровски

А како беше, погледнете во галеријата: