„Библијата за внатрешен дизајн“ ја избра најубавата дневна соба во светот и, ние сме без зборови: Би го уредиле ли и вие вака дневниот престој?

Едноставно е совршена и сама по себе создава оптимизам

Во 2021 година беше промовирана книгата „По дизајн: најдобрите современи дизајнери на ентериер во светот“, популарно наречена „библија за внатрешен дизајн“, која ја запознава јавноста со најубавите и најреволуционерните дизајни на денешницата, барем кога станува збор за оваа сфера.

Книгата е наречена и Оскари во светот на дизајнот и ги слави најголемите светски дизајнери на ентериер и нивните дела и идеи.

Меѓу другото, книгата ги издвои најубавите дневни соби во светот, а првото место на оваа листа го зазеде дневната соба во луксузниот лондонски комплекс Floral Court, дизајниран од дизајнерката Софи Ешби пред нејзината компанија Studio Ashby.

View this post on Instagram

A post shared by Studio Ashby (@studioashby)


Софи е Британка со јужноафрикански корени и истакнува дека користи елементи од двете култури кои подеднакво ја инспирираат. Нејзината работа експертите ја опишуваат како свежа, модерна и пријатна, со остро око и талент за комбинирање на антиквитети со модерен мебел.


Во дневната соба, која ја доби титулата за најубава на светот, таа избра неверојатна палета на бои која поттикнува бодрост, а во просторот внесе и уникатни парчиња, како масичка за кафе од брест, сушено цвеќе на трпезаријата, маса и сина фотелја со апстрактна форма.

View this post on Instagram

A post shared by Studio Ashby (@studioashby)


Има многу интересни, атрактивни детали, а важно место во овој простор заземаат уметничките слики и современите форми и облици. 

Kажете ни во коментар - дали ви се допаѓа дневната соба која е избрана за најубава во светот?

извор:zena.blic