,

Наградата „Стале Попов“ во раце на инспиративната Јагода Михајловска-Георгиева

Романот „Манастир Фуентерабија“ на Јагода Михајловска-Георгиева ја доби наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобро прозно дело во 2017 година. На конкурсот на ДПМ пристигнале 76 книжевни дела објавени минатата година, а за петте годишни награди одлучија пет тричлени жири-комисии. За романот на Јагода Михајловска-Георгиева жирито образложи дека раскажува уникатна и во исто време универзална приказна која според многу нешта е отпорна на временски и на просторни ограничувања. Во потесен избор за наградата „Стале Попов“ биле најновите романи на Оливера Николова, Луан Старова, Блаже Миневски и Оливера Ќорвезироска. Женски магазин неодамна имаше интервју со Јагода Михајловска-Георгиева. Таа  една од оние жени, кај кои убавината на душата се надзира од насмевката која широко го краси нејзиниот лик.Ведра и добронамерна, топла и отворена за секој, посебно за ближните. Храбра кон животните предизвици, но и кон пишаниот збор. Прочитајте го интервјуто со дамата која е навистина инспиративна, тука.