Во бојата на совршеноста: Овие панталони ја направија Јелена Ѓоковиќ ѕвезда во Париз

Таа од трибините го бодреше Новак во совршено издание

Јелена Ѓоковиќ се појави на Ролан Гарос во Париз за да му даде поддршка на својот сопруг Новак на натпреварот против Карлос Алкараз.

Јелена одамна ја немаме видено на трибините кога игра Ноле, а овој пат привлече големо внимание со самиот изглед.

Многу се коментираше и нејзиниот стајлинг кој го избрала за оваа пригода. 

Таа одлучила да се облече во бело од глава до пети.


Белата кошула ја спои со капа и панталони кои се најбарани во овој период од годината, пред сѐ поради бојата. Моделот кој се шири лежерно им е омилен на многумина бидејќи лесно се комбинира со разни други парчиња и го отвора целиот аутфит.


Белите панталони, особено во овој крој, се вистински ас во ракавот кога не сте сигурни што да облечете.

Инаку, Јелена неодамна беше на концертот на Сенида и Лепа Брена, каде носеше многу интересни патики заедно со фармерки и дуксер.


Фото насловна: Инстаграм - Стори - Јелена Ѓоковиќ

Фото: Инстаграм

Јелена Ѓоковиќ во монохроматска циклама комбинација: Би ѝ позавиделе многу холивудски ѕвезд