Уплашена сум, гладна и не сакам да умрам“: Ќе плачете и ќе ѝ се восхитувате на оваа жена

„Одлучив да не умрам за време на јубилејниот викенд, не сакам Меган Маркл да ми го украде вниманието“, изјави Дебора Џејмс, водителка на Би-Би-Си, која веќе пет години се бори со рак на дебелото црево, и која минатиот месец најави дека ќе се откаже од активното лекување и ќе премине на домашна нега.

Дебора Џејмс не ја губи смислата за хумор ниту во тешките моменти, а доказ за тоа е нејзиното интервју за „The Dream“.

Таа духовито во телефонски разговор од куќата на нејзините родители, Алистер и Хедер, рече:

„Не се трудев толку многу да ја подигнам свеста за ракот и да соберам пари за да најдам лек, само за да не бидам на друга насловна страница на „Сан“ кога ќе заминам.

Дебора, минатиот месец ја доби титулата дама од принцот Вилијам, со својата приказна и храброст и како придонела во борбата против ракот. И не крие како навистина се чувствува.

„Умирањето е навистина тешко. Оваа недела ме обзеде бес, се однесував како вистинска кучка. Постојано им викам на луѓето и ги оттргнувам од себе. Лута сум поради тоа што ми се случува. Не сакам да умрам“, рече таа.


„Се плашам, знам што оставам зад себе“.

Дебора (40), која со сопругот Себ ги има синот Хуго (14) и ќерката Елоиз (12), донела тешка одлука да не се гледа со пријателите, туку само со семејството.

„Не сакам моите пријатели да ме гледаат ваква. Не сакам вака да ме паметат“, рече таа и додаде: „Не постои погрешен или правилен начин да се умре. Јас умирам. Мислам дека некогаш ќе го прифатам тоа“, рече водителката и додаде дека лекарите минатиот месец ѝ рекле дека и останале денови, недели ...

„Но, јас сè уште сум тука. Сето тоа е како некоја ужасна шега. Гледањето на моето тело како се влошува е навистина, навистина тажно“, рече таа, додавајќи дека претходно и покрај ракот била во добра форма.

„Чувствата се менуваат, од секунда во секунда, од час во час. Исплашена сум бидејќи не знам што да очекувам. Имам само 40 години, а срцето ми се крши затоа што знам што оставам зад себе", рече водителката.

Дебора нагласи дека е тешко бидејќи никој од нас не е научен како всушност изгледа смртта ...

„Смртта е последната табу тема во животот“, рече таа.

Нејзината цел е да им пружи утеха на другите кои, читајќи ја нејзината приказна, ќе разберат колку е важно времето поминато со семејството.

Таа активно собира пари за борба против ракот, продава маици, објавува книга и собира средства за BowelBabe Fund. Благодарение на неа, таа сума е 6,6 милиони фунти.

„Се шминкам и се облекувам секој ден, тоа ми дава сила“

Дебора повеќе не зема терапија, освен одредени лекови против болки и препарати поради кои се чувствува подобро. Не се откажува од секојдневната рутина.

„Секој ден облеката ми е се‘ поголема. Се шминкам секој ден. Сакам да личам на себе, тогаш се чувствувам подобро“, рекла таа.

Секој ден одвојува по еден час за седење, шминкање ...


Таа, исто така, ужива да готви, да наоѓа рецепти, да ја испраќа мајка си по намирници и заедно да подготвуваат оброци. А таа има и една посебна желба - сака да ѝ остави на нејзината ќерка обетки со дијаманти, кои сопругот ќе ги купи бидејќи таа не може да оди во продавница.

Додека траеше нејзиниот разговор со новинарката на „Сан“, таа ја испрати мајка си Хедер да купи платно за сликање и бои за да може нејзината ќерка да ја наслика кралицата.

Луѓето велат: „Само уживајте во времето со вашите деца“. Секако, тоа е она што сакам да го правам, но се чувствувам исцрпено, болно, сè ме боли... Не можам да се движам, сето тоа го ограничува она што можам. Создавање спомени е навистина, навистина тешко кога немате физички капацитет да го направите тоа“, рече таа.

Затоа нејзиното семејство се обидува да организира мали настани, како што е нејзината идеја, сестра ѝ и брат ѝ да спијат заедно во куќата на нивните родители, а Дебора беше многу среќна поради тоа.

„Интересно е кого сакаш до тебе на крајот од животот“, рекла таа и додала: „Моите родители се неверојатни, и Себ и децата исто така. Но Господи, сестра ми и брат ми... не можев да го направам ова без нив. Затоа сум толку емотивна, што ќе плачам. Тие се неверојатни. Живеевме заедно и сега во моите последни денови, тие се тука со мене, ме разбираат“.https://zenskimagazin.mk/poznatata-voditelka-otkri-deka-rakot-napreduva-neprekinato-znam-deka-nema-da-dochekam-moite-deca-da-stanat-polnoletni

Водителката рече дека нејзиниот сопруг е нејзината карпа, се труди да ги прави тие практични работи, но многу му било тешко да се потпише на формуларот на кој пишува: не ја оживувај мојата сопруга.

Храбрата Дебора продолжува понатаму. Нејзините деца читаат писма од ден на ден, кои постојано пристигнуваат на нејзината адреса. Ама тешко е..

Пред некој ден ги избркала сите, не сакала да види никого. Исклучително ѝ е тешко што децата ја гледаат како се бори за живот. Таа не сака така да ја паметат.

Таа рече дека ги разбира животните кои се кријат кога е време да умрат.


Фото: Инстаграм

Познатата водителка откри дека ракот напредува непрекинато: Знам дека нема да дочекам моите деца да станат полнолетни