ТЕОНА: Значење на името и какви се оние кои го носат

Оригиналната форма на името Теона е: Θεωνάς. Името е со грчко потекло.

Значење на името: оној којшто добива помош од Бога.

Денес кај нас се употребува и како женско име, веројатно заради формата, т.е. затоа што завршува на а, но во суштина името е машко и сите светители со ова име се мажи.

Долгите, архаични или библиски имиња се заменуваат со посовремени верзии, а не ретко усвојуваме имиња од други народи и култури поради нивната звучност. Така се рашириле овие имиња, па за девојчињата родени во последните неколку години наместо Теодора се преферира името Теона.

Теона е женска форма на машкото име Теодор. Името Теодор доаѓа од грчкиот - „Теодорос“ и потекнува од „теос“ (што значи Бог) и дорон (што значи дар), што значи „дар од Бога“. Според народното предание, се даваше на деца чии родители долго и со нетрпение го очекуваа, сметајќи дека е навистина дар од Бога.

Во различни варијанти, името се шири низ Европа. Сепак, родителите сè почесто избираат имиња со познато потекло, но тоа се претежно кратенки, деривати и прекари на имиња кои станале застарени или изгубиле популарност поради променливите трендови.