Текстилците на работ на егзистенција: Над 1000 текстилни работници земале плата под 18.000 илјади: „Гласен текстилец“ во обрана на нивните права

Од невладината „Гласен текстилец“ велат дека од истокот на земјава месецов на сметка добиле 2-3 илјади денари помалку од законските 18.000 денари.

Имено, минималната плата се уште недостижна за многу текстилни работнички. Околу 1000 вработени од 7 конфекциски фирми семале многу помала плата од оние фамозни 18.000 илјади денари. Сите биле редовни на работа и со полно работно време – велат о. Оттаму се изненадени како воопшто се дозволило тоа, а најавија дека ќе поднесат претставки до трудовиот инспекторат.

„После сите оние соопштенија што ги правевме уште од времето на короната и злоупотребата на државна помош, мислев дека до сега ќе почне да се спроведува некаков механизам од страна на Управата за јавни приходи и нема да може да се дозволува ова. Треба само да се прикачи боледување доколку некое лице било нередовно на работа. Вообичаено, не знам како ова би поминувало под законски минималната плата за редовно работење.

Ампева вели дека војната во Украина преселила повеќе конфекции во земјава – но поради многубројните отпуштања во време на КОВИД кризата и преселбите во странство за подостоинствени примања, сега има дефицит на кадар.

„Само во 2020 година, од март до декември, беа отпуштени 7000 работници. Е сега тие работници веќе не се тука, ги нема на пазарот на трудот.

Покачената минимална плата на работниците почна да им се исплаќа од први април. Надлежните институции најавија дека ќе анализираат колку фирми го прекршиле законот.