Стил на денот: Уште еден труднички изглед на Ријана за кој цел свет зборува

Откако му откри на светот дека е бремена, Ријана гордо го покажува трудничкиот стомак каде и да се појави, но и чудните комбинации кои само таа знае да ги износи.

Фото: Profimedia

Токму таков стајлинг облече за вечера со пријателите во познатиот холивудски ресторан „Џорџо Балди“.

Фото: Profimedia

Тесен темно розев фустан со детали од светло зелени пердуви, со потпис на модната куќа „Сен Лоран“ кој чини околу 1.500 евра. Пејачката го надополни со бушава чанта и тиркизни чевли на високи потпетици.

„Ова е мојата порака“: Ријана без двоумење го објасни несекојдневниот труднички стил