Стил на денот: Софија Милошевиќ има идеална комбинација за пролетните денови кои нѐ очекуваат

Овие денови временската прогноза е наклонета кон сите љубители на убавото време, а една од нив е и манекенката Софија Милошевиќ. Таа се прошета во Фиренца во вистинска комбинација која е за вакво време.

Софија е позната по беспрекорните модни комбинации, а со оваа дневна комбинација ги воодушеви сите и сигурни сме дека ќе ве воодушеви и вас, а воедно и ќе ви послужи како инспирација за претстојните пролетни денови.

Имено, манекенката на Инстаграм сподели фотографија на која се гелда дека позира во тесни црни панталони, кои ги искомбинирала со подлабоки чизми. Горниот дел од комбинацијата не се гледа убаво, но претпоставуваме дека во прашање е црна блуза.

Меѓутоа, главното парче во оваа комбинација е темнокафениот кожен мантил со копчиња во два реада.

Малку динамика во комбинацијата внесе со марамата со животински принт.

View this post on Instagram

A post shared by SOFIA MILO (@sofijamilo)


фото: Принтскрин / Инстаграм