Стил на денот: На 90 години изгледа неверојатно во кич тоалета

На црвениот тепих во Лос Анџелес на „Critics Choice Awards“, една од најзабележителните гостинки беше легендарната Рита Морено, а оваа дама уште еднаш докажа дека годините се само бројка и не се пречка за добриот стил или количина на ентузијазам и енергија!

Фото: Profimedia

Рита изгледаше одлично во помпезната креација на дизајнерката Грета Константин, а овој гламурозен фустан во металик нијанси на беж и лимета беше вистинскиот избор за 90-годишната актерка.

„Не можам е**** да се движам во оваа работа. Не можам да ги кревам рацете. Знам дека не можам да го користам тој збор. Само ставете бип“, низ смеа рече Рита, бидејќи оваа тоалета, иако ефикасна, очигледно не беше удобна.

Извор: zena.blic.rs