Стил на денот: Лила Филиповска демонстрира како се носат црни мини фустани на овие тропски горештини

Најпознатата наша инфлуенсерка и водителка Лила Филиповска важи за дама која е секогаш стокмена од глава до пети, па и на овие тропски горештини не ѝ пречи да биде дотерана за секоја прилика.

Токму затоа таа е наша денешна модна инспирација и ви пренесуваме како водителката носи црни мини фустани на овие тропски горештини.

Првиот модел кој го одбравме е мини црн фустан припиен за тело со интересен детаљ односно карнер на рамењата и деколтето. Овој детаљ на целиот фустан му дава сосема друга нота, а овој модел е совршен за дневни прошетки во апосолки, но доколку се искомбинира со интересни сандали на високи потпетици би бил топ за вечерни излегувања.

Вториот модел е исто така црно мини фустанче, но оваа е малку посвечена варијанта. Со мини шлицеви напред и од двете страни, со ремен за истакнување на половината и отворено деколте. И самиот материјал од кој е направен футанот е за повечерни излегувања. 

Третиот модел е парче кое може да се носи и како денска и како вечерна тоалета. Комбинирано со апостолки или ниски сандали е топ модел за прошетки покрај плажа, а доколку се искомбинира со интересни сандали на висока потпетица и ремен како што тоа го направила Лила е супер парче и за вечерни излегувања.

Кој модел и да го одберете сигурно нема да згрешите. А бидејќи Лила е една од најтренди дамите кај нас бидете храбри и слободно ископирајте ја.


Фото: Инстаграм - Лила Филиповска