Стил на денот: Лепа Брена покажа зошто е број еден

Трае повеќе од 40 години на музичката сцена и секогаш е на врвот. И порано, а и сега обединува народи со својата песна и на Балканот се уште е пејачка на врвот.

За Лепа Брена е кажано многу. А за стилот може да се зборува бескрајно затоа што секогаш ни сервира интересни модни комбинации.

Овој пат вниманието го привлече на својот концерт, облечена во масивна црна бунда која има впечатлив ремен во половината. Ваква бунда е голем тренд кој можат да си го дозволат само најпознатите светски пејачки. 

Брена го надополни изгледот со кожени чизми и ракавици. И изгледа преубаво.

Фото: Инстаграм