Стил на денот: Кристен Стјуарт во прекрасна шик креација на македонски дизајнер

Актерката Кристен Стјуарт на вечерта на номинации за Оскар на „The Hollywood Reporter“ носеше прекрасна шик креација на македонски дизајнер.

Имено станува збор за дводелен комплет составен од топ и пенсил здолниште во нежна бела боја искомбинирано со бели салонки.

Изгледот е надополнет со шик фризура и шминка во стилот на актерката.


Славниот австралиски дизајнер со македонско потекло Тони Матичевски, кој живее во Австралија, веќе извесно време е дел од стилските избори на многу познати жени, меѓу кои се и Џенифер Лопез, Ева Лонгорија и Пенелопе Круз. Во неодамнешното интервју за „Ел“, зборуваше за својата работа.

- Да, моето македонско потекло има влијание, и во создавањето на било која колекција се инспирирам од етно-традицијата во Македонија и нејзината околина. За жал, сега не сум многу упатен во модната сцена во Македонија и во поранешна Југославија. Општ впечаток на луѓето од светскиот моден бизнис е дека Балканот е поднебје на многу креативни луѓе чиј талент не е доволно разбран и искористен  - изјави Матичевски за „Ел“.