Стил на денот: Ким Кардашијан завиткана во самолеплива жолта лента на ревијата на Balenciaga

Бизарно или не - она што е сигурно е дека популарната старлета успеа да го привлече целото внимание на медиумите и да стане главна тема на социјалните мрежи.

Она што го носеше Ким Крдашијан е далеку од мода, но секако е нешто што привлече големо внимание.

Ким Кардашијан повторно успеа на свој начин да го привлече вниманието на медиумите, со стајлинг со кој се појави на Париската модна недела, на ревијата на Беленсиага. А во тоа ѝ помогнале многумина како што можеше да се забележи на фотографиите кои ги објави таа.

Таа успеа да биде главна тема на социјалните мрежи и медиумите, па нејзините фотографии и видеа се споделуваат на социјалните мрежи низ цел свет.
Како што пишуваат модните списанија, таа со оваа комбинација не пренесе одреден моден впечаток, но успеа да стане главна атракција, што сакаше и да постигне.

View this post on Instagram

A post shared by Vogue (@voguemagazine)


Имено, беше завиткана во самолеплива жолта лента на која пишува Balenciaga, односно логото на брендот на чија ревија присуствуваше. Интересно е и тоа што таа едвај се движеше во оваа комбинација, што може да се види од видеата кои кружат на Интернет. Особено не можела да ја движи раката, па се гледа дека раката постојано ја држи на стомак. 

Јасно е дека целта ѝ била да привлече внимание, во што и успеа.


Како ви се допаѓа нејзиниот чуден стајлинг?

извор:glossy