Стил на денот: Кејт Мидлтон по четврти пат во ист фустан

Кејт се појави во Вестминстерската опатија во бел фустан кој првпат го носеше на крштевањето на принцезата Шарлот во 2015 година.

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон го „рециклира“ својот омилен бел фустан, потпишан од модниот дизајнер Александар Меквин.

Кејт се појави во Вестминстерската опатија во бел фустан кој за прв пат го носеше на крштевањето на принцезата Шарлот во 2015-та година, а потоа го облече уште три пати и со тоа ги оправда прекарите „Кралица на рециклирањето“ и „Штедлива војвотка“.


Се работи за фустан до колена, со долги ракави и многу едноставен крој. Во зависност од пригодата, Кејт го носеше со црни или беж салонки, како и разни парчиња накит, што само докажува дека е фустан кој е одличен за секоја пригода.

Целата комбинација Кејт ја заокружи со обетки на принцезата Дијана и бела лента за глава со потпис на Џејн Тејлор, со црна машна позади.

Она што сите го забележаа е црвениот цвет на реверот кој даде посебна нота на целиот стајлинг.

Неутралната шминка војвотката ја задржа и за оваа пригода, се одлучи за малку руменило и црн ајлајнер.


Извор: ona.telegraf.rs