Стил на денот: Џенифер Анистон во лежерна комбинација која ќе ископирате во прва прилика

Џенифер Анистон е некрунисана кралица на уличната мода, а тоа го докажа и со едно од последните изданија...

Џенифер Анистон е секогаш убаво стилизирана, кога настанот го бара тоа од неа таа е најелегантната жена, а кога има приватни обврски и шета низ град, тогаш знае да ја избере најлежерната комбинација која можете да ја замислите.

Лежерно, но да остави впечаток, тоа секогаш е нејзина цел, а во тоа успеа и овој пат. Џенифер е фотографирана на улиците во Лос Анџелес во еднобојна модна комбинација и фармерки кои се како создадени за на работа, но и за на одмор.

Актерката секогаш одбира практични парчиња кои лесно се комбинираат, па така облече фармерки со рамен крој, со завратени ногавици до глужд, кои се одличен избор во топлите летни денови, а ги искомбинира со црна маичка и апостолки.

View this post on Instagram

A post shared by jennifer aniston FAN account (@fanjenaniston)

Шеширот е уште еден моден детаљ кој Џенифер со задоволство го носи, а освен што изгледа убаво и додава гламур на целиот изглед, корисен е и за заштита од сонце.

View this post on Instagram

A post shared by Новостной портал/News media (@celebro_news)

фото: Принтскрин / Инстаграм