Стил на денот: Блејк Лајвли во шик костум во ефектна портокалова боја

Актерката Блејк Лајвли беше во центарот на вниманието додека шеташе во портокалов костум потпишан од Серџо Хадсон. Станува збор за модел во ефектна портокалова нијанса, а за да биде сè во тон, таа избра и портокалов топ на Хадсон.

Американската актерка, која се прослави со улогата во хит серија „Gossip Girl“, може да се пофали со совршена фигура, па сè одлично ѝ стои.


Елегантен костум и ефективен ремен кој дополнително го истакна нејзиниот тенок струк, сопругата на актерот Рајан Рејнолдс, го спои со тесен топ од ликра, а овој стајлинг, кој е невозможно да остане незабележан, го надополни со чанта од Луј Витон, модел „Capucines BB Bag“ и вртоглави потпетици со потписот на „Christian Louboutin“.


Извор: zena.blic.rs