Стана најмладата мајка во Европа по брутален инцест, а на 12 години роди дете: Ја очекуваше страшен живот, а потоа среќата ѝ се насмевна

Треса Мидлтон (30) од Батгејт, Шкотска, доживеала траума како 12-годишно девојче кога била силувана од нејзиниот петгодини постар брат, Џејсон. Две години подоцна ја чекала уште една траума, кога властите ја дознале шокантната вистина за таткото на нејзиното дете. Одлуката да ја открие ужасната тајна и да дозволи да се раздели од ќерката толку многу ја прогонувала што западнала во длабока депресија и зависност од хероин.

Во октомври 2017 година, таа и нејзиниот вереник, 31-годишниот Дарен Јанг, го добија своето прво заедничко дете - ќерката Аријана. Кога го родила второто девојче, радоста на Треса за новото мајчинство била ограничена од тагата што била одвоена од нејзиното прво дете, што било резултат на инцест со нејзиниот постар брат.

„Во моментот кога се роди Аријана почувствував чиста радост бидејќи имаше премногу моменти во мојот живот кога бев сигурна дека никогаш повеќе нема да имам деца. Затоа нејзиното плачење по породувањето ми донесе толку многу среќа. Но, се чувствувам виновна бидејќи Аријана е со мене, а мојата постара ќерка не. Сè уште е првата мисла со која се будам наутро и последната работа со која легнувам навечер, мислам на тоа навечер. Ја сакам многу и ќе ја сакам секогаш бидејќи сум нејзина мајка. Не можам да бидам среќна без неа. Срцето ми се кине од помислата дека Аријана ќе порасне и никогаш нема да ја запознае својата постара сестра“, изјавила Треса за британските медиуми.

Помислата дека нејзините ќерки ќе се сретнат дури кога ќе станат возрасни, ја фрлило во очај.

„Јас страдам затоа што Аријана не ја познава својата сестра“

Детските слики од нејзината прва наследничка сè уште ги красат ѕидовите на нејзиниот дом во Батгејт, а таа ги задржала отпечатоците од рацете, како и облеката и праменот од косата.

„Немав среќно детство. Аријана секогаш ќе знае дека има голема сестра. И сега зборувам со неа за тоа, иако е сè уште мала и не може да разбере ништо. Но, тоа никогаш нема да биде тајна. Тие се целосни спротивности. Аријана се смее и е тивко дете, додека мојата постара ќерка беше гласна и потемпераментна, но знам дека добро ќе се сложува. И велам на Аријана дека ако е тука сестра ѝќе играа заедно“, се надева Треса.

Таа искрено сака да и подари на Аријана среќно детство кое таа самата толку очајно го посакувала. Нејзината мајка Трејси Талонс се борела со алкохолизмот и зависноста од дрога, а како дете Треса често сама плачела бидејќи не можела да спие поради гласните забави кои траеле до раните утрински часови.

„Постариот брат ја злоставувал“

Нејзиниот постар брат Џејсон сексуално ја злоставувал од 7-годишна возраст, а четири години подоцна, откако ја силувал, таа останала бремена. Треса две години ги криела сите ужасни детали за тоа како забременила, а потоа, кога имала 14 години, не можела да издржи и на социјален работник му признала се. Полицијата започнала истрага, а Џејсон бил затворен во 2009 година, откако ДНК тестот откри дека тој е татко на детето.

„Се што сакам е Аријана да има нормално детство и да знае дека е сакана и безбедна. Ја сакав мајка ми, таа се трудеше да ни го даде најдоброто што може, но тоа беше нејзината тешка борба. Понекогаш се што сакав беше само рутина - да гледам телевизија и да си легнувам на време како повеќето деца. Но, не можев да разговарам со мајка ми за сите проблеми бидејќи таа имаше доволно свои проблеми. Сакам Аријана да може да разговара со мене за било што“, рече таа.

По опустошеното детство и раната младост, Трес ја чекале уште поголеми животни разочарувања што би било тешко да ги поднесат дури и постарите луѓе. И го зеле бебето и рекле дека ќе го дадат на посвојување, а после тоа морала да прекине секаков контакт со детето. Сеќавањата од нивната последна средба, кога малото девојче имало само три години, ја опседнуваат и денес.

„Тогаш не сфатив дека последен пат ја гледам. Таа не ме препозна и беше преплашена. Не можев ниту да ја гушнам, а кога разговарав со неа морав да бидам на одредено далечина. Најлошо ми беше кога викаше „Мамо“, а не ми се јави таа, туку нејзината посвоителка“, рекла Треса во шокантната исповед.

Треса после тоа можела само да му праќа писма на своето девојче. Но, не смеела тие писма да ги заврши со реченицата „Те сака мама“, за, како што и рекле, да не ја збуни. Без своето дете, Треса потонала во длабока депресија и почнала да пие алкохол и да користи дрога за да ја ублажи болката од сето она низ кое поминала.

Го допрела дното во 2011 година

Таа го допре дното во 2011 година кога трошеше 400 фунти дневно на хероин. Таа успеала да излезе со помош на терапевт и почнала да гради нов живот со својот вереник Дарен. Парот бил пресреќен кога во 2012 година дознале дека Треса е бремена. Меѓутоа, нивниот свет се распаднал по само неколку недели бидејќи Треса имала спонтан абортус. Само три дена подоцна, и нејзината мајка починала од пневмонија на 41-годишна возраст.

Следеле четири мачни години пред повторно да забремени, а цело време живеела во страв дека никогаш повеќе нема да може да има деца.

Загубата на бебето, смртта на мајката, па раѓањето на Аријана

„Губењето на уште едно бебе и мајка ми во истата недела ми беше неподнослива болка. Често размислувам за неа и има многу моменти кога посакувам да биде со мене, особено кога Аријана за прв пат мавташе со рачето“, рекла Треса.

Треса не го видела својот брат од погребот на нејзината мајка, но и понатаму има последници од траумата од сексуалното злоставување низ кое поминала.

Иако на својата ќерка секоја година и испраќа подароци за нејзиниот роденден и за Божиќ, новото семејство не и пратило писмо на Треса со години. Девојчето сега има 17 години и е свесно дека е посвоено дете, но Треса знае дека еден ден ќе ја дознае страшната вистина за тоа како дошла на свет.

„Само се надевам дека нејзините посвоители не ѝ кажале дека Џејсон ме силувал. И не сакам таа да чита за тоа во весниците. Би сакала да и објаснам лично. Сакам да и објаснам сè таа кога ќе биде доволно возрасна да го разбере сето тоа. Што се однесува до Аријана, би сакала да не ги знае сите детали од моето минато, бидејќи таа има право на свој живот. Таа е мојот нов почеток“, истакнала Теса.

Фото: Принтскрин
Извор: Zena.blic.rs