Сопругата на Златан Ибрахимовиќ има презгодно тело во 6-тата деценија благодарение на овој трик

Многу дами ширум светот се прашуваат како Хелена Сегар одржува одлична фигура со години, а работата е всушност во начинот на тренирање што не ја пропушта.

Иако Златан Ибрахимовиќ е најпознатиот фудбалер на нашите простори, вниманието го привлекува и неговата сопруга Хелена Сегар со згодната фигура и неверојатно младешкиот изглед на 52 години!

Заносната поранешна шведска манекенка го одржува своето тело во завидна форма, иако гордо гази во шестата деценија. Имено, таа е висока околу 170 cm, а нејзината тежина се движи од 52 до 55 килограми, а многу луѓе велат дека има речиси идеално тело, иако таа смета дека нејзините нозе се прекратки, а усните преголеми.



Очигледно е дека нејзината тежина не се менува со годините, како и дека секој мускул на телото и е извајан, а многу помладите дами и завидуваат на ваквата витка линија. Но, за да има прекрасен изглед, поубавата половина на Златан редовно оди на тренинзи, а тајната е во тоа што таа користи тегови за време на вежбањето. Исто така, се грижи за она што го внесува во своето тело и се труди да не јаде често нездрава храна.



Од друга страна, таа не троши премногу време на изборот на модни комбинации, велејќи дека подобро се чувствува во фармерки отколку во дизајнерски фустани. Не сака шопинг, нема домашна помошничка и ужива во брзо возење на мотор.


Оваа убавица речиси две децении е вљубена во фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, со кој има две деца. И нивната романса не престанува да биде интересна за јавноста, бидејќи Хелена е 11 години постара од него.



Но, како и многумина, и таа не сака да има статус на „сопруга на фудбалер“ и бега од медиумите, а интервјуа речиси никогаш не дава, па многу ретко може да ја видите, дури и на настани организирани во чест на Златан.


ФОТО: Инстаграм

11 години е постара од него: Партнерката на Златан Ибрахимовиќ е во 6-та деценија и изгледа брутално!

Хелена (50) со Златан Ибрахимовиќ живее 20 години и имаат две деца: Еве зошто никогаш не се омажив за него