Со фустан стар 34 години, најмоќната дама на стилот шеиката Моза, направи колапс на социјалните мрежи

На свадбената церемонија на најстариот син на јорданскиот крал Абдула и принцезата Ранија, принцот Хусеин и неговата избраничка, присуствуваа список на ексклузивни гости од целиот свет.

Една од најзабележителните дефинитивно беше Моза бинт Насер, сопругата на шеикот Хамад Калифа Ал Тани, поранешен емир на Катар и мајка на сегашниот емир.

Нејзините модни изданија беа под будното око на светската јавност на минатогодишното Светско првенство во Катар, а ниту овој пат нејзиниот избор не остана незабележан.

Бидејќи кодексот на облекување на Катар налага жените да носат абаја - долга наметка што го покрива целото тело - Моза најде начин да покаже дека дури и ако е облечена според традицијата - сепак може да изгледа привлечно.

View this post on Instagram

A post shared by Royal Style Watch (@royalstylewatch)


Моза на венчавката се појави во креација на модната куќа Валентино која се состоеше од долг црн фустан, а посебна доза на гламур и впечатливост даде сатенски кафтан со многу ефективен дезен во комбинација на пудра- розова и црна.

Токму кога мислиме дека не може да нè изненади, оваа дама создава возбуда секој пат со нејзината облека и занесниот изглед. Оваа креација датира од 1989 година, таа го комплетираше целиот стајлинг со розови штикли, црн турбан и ефектни обетки.

Инаку, за стилот на првата дама на Катар пишуваше и познатиот „Вог“, кој ја вброи во петте најдобро облечени жени во светот. „Vanity Fair“ ја прогласи за најдобро облечена дама со сина крв, а за Џулиен Мекдоналд таа е втората Џеки Кенеди.

Некои извори тврдат дека во нејзината резиденција се крие вистинско модно богатство.

Инаку, оваа убавица има 63 години, мајка на седум деца, баба на неколку внуци, а многумина се согласуваат дека изгледа многукратно помладо.

Фото: Инстаграм

Извор: Стил курир