СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И НАД 30 СТЕПЕНИ: Ни доаѓа уште поизразен топлотен бран од Африка

Според она што моментално го цртаат нумеричките модели, следната седмица територијата на Македонија би можела да биде зафатена од уште поизразен топлотен бран од Африка и од многу високи температури на воздухот, кој сигурно би надминувале  и 30 степени, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Овој пат овој топлотен бран би го зафатил поголемиот дел од Европскиот Континент, но да повториме, ова е сосема вообичаено за овој период од годината да имаме вакви високи температури, поради тоа што и порано се случувало да биде вака топло во пролетните месеци, но и да биде присутна Сахарската прашина  и песок.

Ние во нашата сезонска анализа за оваа пролет веќе кажавме дека  таа ќе биде топла со натпросечно високи температури на воздухот“, вели тој.

Извор: Фактор