Синот на Драгана Мирковиќ се посвети на Бог и верата: По приказните за разводот на пејачката и бизнисменот, Марко го посети местото каде го наоѓа својот мир

Покрај Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ, последните денови во центарот на вниманието во јавноста се и нивните деца, синот Марко и ќерката Емануела.

Имено, синот на бизнисмен и пејачката е особено актуелен последните денови поради различни теми, главно односот со татко му и мајка му.

Па така се шпекулира дека не е во добри односи со Тони, и дека целосно и се обратил на мајка си и ѝ се посветил, откако татко му започнал живот со друга.

Инаку, Марко неодамна и се посвети на религијата, барем судејќи по неговите приказни на Инстаграм.

Често ја посетува црквата, а често објавува и фотографии.

Потсетуваме, неодамна беше објавено дека Марко по разводот на неговите родители го презеде управувањето со кариерата на неговата мајка, а покрај тоа има уште една „страст“.

Марко избегнува скандали и води прилично мирен живот, но се држи до своето хоби. Тој е страстен љубител на скапи автомобили, особено на „Формула 1“.

Пред неколку години се појави на јавен настан, а тоа беше хуманитарна автомобилска трка на патеката Хокенхајм во Германија.

View this post on Instagram

A post shared by MARKO (@markobjlc)