Шик и удобен стајлинг: Младешкиот изглед на Јелена Бачиќ Алимпиќ кој ќе ве инспирира (ФОТО)

Докажано, сигурно парче кое сите го имаме во нашата гардероба изгледа најдобро кога се комбинира вака...

Популарната писателка Јелена Бачиќ Алимпиќ вчера во Белград го потпиша својот нов роман „Последњи сати“ за читателите, а за ова лежерно дружење избра многу шик и удобен стајлинг кој може да послужи како модна лекција.

Поранешната водителка избра црна боја од глава до пети и многу урбано модно издание совршено за постудениот дел од годината, а тоа е практично и вечно тренди решение.

Јелена се појави во црн мини фустан, поцврсти црни чорапи и кратки чизми со врвка, а најефективниот дел од нејзината модна комбинација беше кожената јакна, безвременски тренд на кој повторно и повторно се навраќаме во различни прилики.



Писателката облече модел на класичен дизајн, кратка јакна со патенти и нитни, кој е актуелен со децении.

И додека ова парче може да се комбинира како сакате и да се носи со се, па дури и со многу елегантни вечерни фустани, Јелена Бачиќ Алимпиќ не научи за проверен изглед, во комбинација со целосно црна облека.

Кожната јакна е поактуелна од било кога

Од втората половина на 20 век, кожните јакни, во многу форми, достигнаа култен статус и се општо прифатени како нешто што е стандарден дел од секоја гардероба.

Достапна во најразлични стилови, силуети, бои, должини, прв избор сепак е моторџиската црна јакна со металик детали и најчесто се носи со полежерен стил и црна боја. Така се постигнува едноставен, ненападен, а сепак впечатлив монохроматски изглед.



Оваа сезона видовме, дури и во најстудените денови, многу ѕвезди во слични црни кожени јакни, предводени од актерката Софи Тарнер и моделот Хејли Бибер, кои ги носат секој ден и за сите прилики.





фото: инстаграм