Се заљубивме во маникирот на Џеј Ло: Нијансата „Rich Girl“ е врвен тренд оваа зима и изгледа толку префинето и луксузно (ФОТО)

Бојата на ноктите на Џенифер Лопез е прогласена за главен фаворит меѓу нијансите кога се во прашање трендовите за маникир за зимата 2022/2023 година

Доколку барате прекрасен маникир кој ќе направи вашите раце да изгледаат поелегантно, можеби ќе најдете инспирација во новата боја на нокти на Џенифер Лопез, која уште еднаш докажа дека понекогаш наједноставните варијанти можат да бидат и највпечатливи.

View this post on Instagram

A post shared by (@tombachik)


По нежната сиво-кафена нијанса што ја носеше за време на есента, сега се префрли на малку посветла неутрална боја, која исто така ги направи нејзините раце да изгледаат помладо.


Зад бојата наречена „Rich Girl“ стои уметникот Том Бачик кој објасни како дошол до оваа нијанса.

„Сакавме „скапи“ нокти за големите девојки за Денот на благодарноста“, откри тој/

Оваа нијанса е алтернатива на мока ноктите кои Лопез ги носеше во раната есен и е совршена инспирација доколку ја барате идеалната нијанса за зимата 2022/2023 година.

View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Инаку, Том Бачик посочува уште две нијанси како ултимативни трендови во текот на претстојната сезона. На прво место е темно црвенатс, речиси бордо што Џенифер ја покажа уште во ноември, а која според него е идеална за празничната сезона.

А на второ место е топлата, карамела нијанса која идеално одговара на секој тон на кожа и изгледа шик, ненаметливо и ефективно.

Извор: elle.rs