СЕ СПРЕМА БУРА ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - Хари даде две интервјуа пред излегувањето на книгата која ќе го растресе дворот, призна и што му недостига

Книгата „Spare“ (резерва) излегува на 10 јануари, а „одбегнатиот“ член на кралското семејство веќе има направено две интервјуа, кои веројатно ќе бидат многу експлозивни.

Принцот Хари разговараше со Том Бредби на ITV, поранешен кралски дописник кој претходно го интервјуираше додека снимаше документарен филм за нивната турнеја низ Африка во 2019 година, а исто така даде интервју за американската телевизија CBS.

Меѓу другото, тој истакна дека тој и неговата сопруга Меган Маркл, со која има две деца, Арчи и Лилибет, сакаат да бидат прикажани како негативци, пишува Би-Би-Си.

„Ова не требаше да заврши вака. Сакам семејство, а не институција“, рекол Хари во трејлерот.

Тој рече и дека „не покажале апсолутно никаква волја за помирување“, иако не е јасно на кој член на семејството се мисли. Бакингемската палата одби да ги коментира овие изјави.


Детали читајте на Фактор тука.