Сања Маринковиќ ја откри тајната на младешкиот изглед : Водителката посебно се храни и еве што практикува

Фото: Instagram

Водителката Сања Маринковиќ важи за една од најзгодните водителки на Балканот, а еве зошто

Водителката Сања Маринковиќ има 49 години, а многумина коментираат дека изгледа двојно помладо.

Сања истакнува дека за својот изглед се грижи со редовен тренинг и правилна исхрана, а месо речиси и да не јаде.

- Навистина мислам дека е важно да се грижиш за себе, да работиш на себе. Сакам да им кажувам на жените дека никогаш не е доцна за нов почеток, без разлика дали тоа е љубов, мајчинство, кариера... Мислам дека секое време е вистинското време - вели Сања и додава дека со годините успеала да ја корегира исхраната:

- Сакам правилна исхрана и јадам сѐ помалку месо. Ги слушав помудрите од мене, а најмногу јадам сирова храна. Јас всушност не јадам ништо (се смее). Мислам дека пред 15 години нарачував главно јадење во ресторан, сега воопшто не го правам тоа, не нарачувам и јадам главни јадења, повеќе сакам да нарачам предјадење. И тоа не е одрекување, јас уживам, најдов систем кој ми одговара. Тренирам, не јадам ништо наутро, пијам само сок, после кафе и околу 13 часот првпат јадам храна - откри водителката и призна дека целосно исфрлила голем број намирници од исхраната.

- Морам да кажам дека десет, петнаесет години не јадам жолчки, јадам само белки. Внесувам само протеини, целосно ги исфрлив жолчките. А кога правам матени јајца ги правам само од белки - изјави таа во емисијата „Практична жена“ и додаде дека наместо со шеќер, кафето го засладува со лажичка мед.

Извор: www.espreso.co.rs


*Браќата им беа кумови, сопругот сам го направи бидермаерот: Водителката Сања Маринковиќ се омажи во автомобил и директно замина во Париз