Сања Кужет ги отвори вратите од домот специјално за Женски магазин: Ангажираме професионалци за декорирање за да ни ја исполнат секоја желба

Професионално таа е лицето која секоја сабота нè води низ најгледаното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“,а приватно пак, е посветена сопруга и мајка на две момчиња, но и жена која ги почитува сопствените принципи.

Водителката Сања Кужет, македонската публика ја запозна пред 9 години кога стана дел од музичкото натпреварување, зад кое стои Саша Поповиќ, мозокот на шоуто. Како што открива Сања за Женски магазин, Саша бил тој кој го направил првиот чекор за оваа соработка.

-  Полни 9 години работам за продукцијата „Гранд“. Саша Поповиќ ме забележа додека работев како новинар и водител на ТВ Пинк и ме ангажираше кога дојде моето вистинско време. Изгледа дека коцките се поклопија и дека ги оправдавме обостраните очекувања. Максимално се трудев сите овие телевизиски сезони да допринесам за шоуто, да бидам објективна, професионална и да останам своја, она што можеби е највредно денес, да останеш свој и доследен на својата цел. И оваа сезона сум тука, на обострано задоволство (публиката и мене). Секако дека размислувам понатаму за својата иднина на телевизија, постојат идеи и имам волја за и понатаму да учам и да се докажувам. Како и во секоја работа, многу е важно да се процени кога е вистинскиот момент за промени.

Дека е вистински професионалец во работата говори и фактот што се труди навреме да биде подготвена за претстојните снимања, а посебно внимание обрнува на изгледот, за кој секогаш се труди да биде беспрекорен.

- По толку години занимавање со оваа работа, сите свои подготовки ги сведов на тоа да траат што пократко, бидеќи времето почнав неверојатно да го ценам. Обично, ден порано, добивам меил со кандидатите кои ќе учествуваат и тоа е се од податоците со кои располагам. Натпреварувачите ги запознавам на сцена, исто кога и вие. Тогаш доаѓа до нашата прва комуникација, потоа и дружења од круг во круг. Сама ги одбирам соработниците за креирање на фустаните (по моја мерка) кои ги носам во натпреварувањето и тие вообичаено се подготвени еден месец порано. Сите рокови мора да бидат испочитувани и затоа сум горда на мојот тим. Верна сум на својот долгогодишен фризер, а тој дел, како и шминката мора да бидат успешно направени. На крајот важна е мојата насмевка и добра енергија за на сите да им биде позабавно за време на работата. Сакам да напоменам дека немаме никакво сценарио – текст во емисијата, туку се потпирам на непредвидливите ситуации кои ме инспирираат да реагирам со многу концетрација во дадениот момент.

Партнер на сцената, кога е во прашање водењето на емисијата ѝ е водителот Војо Недељковиќ, со кој, како што самата вели е привилегија да се соработува.

- Војо е предуховит, а воедно и многу професионален. Можноста да соработувам со него, на толку голем проект, беше огромен предизвик. Тоа што кај нас двајца сѐ изгледа толку лежерно и опуштено, додека ја работиме својата работа, нашата предаденост е поради тоа што уживаме во неа и тоа се гледа. Уиграни сме, многу пати ни е сосема доволен еден поглед за да се разбереме. Горда сум на нашиот однос, деловен и приватен, кој го градевме, унапредувавме и создадовме тим, но и сериозен бренд, на некој начин. Со Војо има премногу анегдоти, бидејќи тој од една страна е момче кое сака да си игра и шегува. По говорот на телото, кога ќе го здогледам знам во која фаза на расположение е и што може да очекувам. Многу пати и непосредно ме смее, бидејќи знае дека сигурно ќе изреагирам.

Сања е најголема поддршка на кандидатите кои во тие 5 минути на сцената се трудат да докажат дека заслужуваат да бидат дел од „Ѕвездите на Гранд“, а поради долгогодишното искуство ни откри дека си дала себе за право, понекогаш да покаже симпатии за одреден кандидат.

- Признавам, дека од претходната сезона си дадов себе за право понекогаш јавно да ги изразам симпатиите кон некој кандидат, но никако да фаворизирам победник. Почувствував дека нема никој да загрозам со тоа. Годините и искуството одат во прилог на тоа. Воглавно секогаш сум на страната на натпреварувачите, бидејќи сум веднаш тука, покрај нив, прва на удар кога е нивната емоција во прашање. Ги чувствувам сите нивни стравови и несигурности. Човечки е да се биде емпатичен, да ги прегрнеш кога ќе треба, да ги утешиш со коментар, да додадеш шише со вода, што и да треба. За тие работи не размислувам, тоа се подразбира. А, од друга страна, се радувам на сите нивни мали и големи победи. Тука сум баш во секоја ситуација, со нив!

Со сите членови од жирото Сања е во одлично односи и досега немала никаков конфликт, а ни откри и дека со сите има изградено убави односи, но и дека ѝ се многу драги. Кога се меѓусебните односи на жирито во прашање, многумина сметаат дека кавгите им се исценирани, но водителката тоа отсечно го демантираше и посочи дека дури и таа самата некогаш е зачудена од тоа како тие за време на паузите ги оставаат конфликтите на страна.

- Апсолутна и единствена вистина е дека нема наместени препирки! И јас останувам зачудена кога атмосферата ќе се распламети во студиото или кога зборовите ќе бидат навистина остри. Си помислувам во себе, ќе се смират ли некогаш... па ме демантираат на паузата за ручек кога ќе се уверам дека брзо им се губи лутината. Просто тие сето тоа го ставаат под шоу-бизнис... Тоа изгледа се некои непишани правила до кои се држат. Не би сакала да сум во нивна кожа.

Мометално на малите екрани секоја сабота имаме можност да го следиме вториот круг од натпреварување, а според она што досега го забележала, Сања ни откри дека сѐ уште ниту еден кандидат не се издвоил како идна ѕвезда.

- Никој со ѕвезден сјај не ја заслепи публиката и жирито во новата сезона. Сѐ уште е рано за прогнози, а и сите досега се потполно нови лица меѓу кои има многу талентирани за оваа работа. Да почекаме уште малку за да видиме како ќе одвива ситуацијата. Колку ќе напредуваат со менторите, колку ќе работат на себе. Не очекуваат и старите кандидати од пролет, тогаш ќе биде силна борба. Убавината на овој формат на „Ѕвездите на Гранд“ е неизвесноста до последниот момент, до финалето.

Кога ќе се изгасат камерите, како што самата открива, Сања е една лојална пријателка, искрена личност, посветена сопруга и пожртвувана мајка.

- Ќе се обидам да се опишам во неколку зборови: лојална, искрена, посветена, мила, пожртвувана. На секој вид однос мора да се работи и вложува, не смее  човек да се опушти мислејќи дека тоа е тоа. Сакам да почувствувам дека и на другата страна и е важен односот со мене, бидејќи таа повратна реакција ми значи, во секоја животна улога. Како мајка многу барам, но сум правична.Се давам и очекувам, иако знам дека со децата не секогаш 1 плус 1 се 2, но се трудам да ги разберам и работам на себе да попуштам тогаш кога е неопходно. Пожртвеноста на една лавица (што сум и во хороскоп) се чувствува во мојот карактер.

Кога не е на сцената водителката го практикува природниот изглед во кој и ужива, па така често на социјалните мрежи споделува фотографии на кои нема ни грам шминка.

- Уживам во своето приватно и природно издание. Работата не ме промени во смисла да му „робуваме на својот изглед“. Ги истакнувам и своите години и мојата примарна животна улога, дека сум мајка и сопруга. Истакнувам и се залагам за вистинските вредности. Тајната е во задоволството со самиот себе, она што сме ние во суштина. Здравите навики, правилната исхрана, нега, како и физичката активност, може навистина да ни помогнат, но внатрешното задоволство е сепак примарно во мојот живот.

Сања низ животот се „вози во петта брзина“, а која е тајната за успех на сите полиња во животот открива самата таа.

- Со работа на себе и со добра организација, како и „возење низ животот“ во петта брзина. Тоа се учи со времето. Сфатив дека ако го сакам сето тоа, а да не се запоставам себе, морам да имам добро организиран ден. Секако, кога ќе почувствувам замор, се почитувам себе и говорот на своето тело, дека треба да забавам. Суштината на крајот е во добрата рамнотежа.

Дека води грижа за својот изглед, доволен доказ е тоа што и за празниците е внимателна и не дозволува да качи ниту еден килограм, а физичката активност и дисциплината, кога е храната во прашање се главен фактор за тоа.

- Сакам да ги охрабрам девојките, жените, да им кажам дека сѐ е можно ако сте генерално дисциплинирани во храната и доследни во физичката активност. Навистина сте на одличен пат да се чувствувате добро, а тоа е најважно – ВАШЕТО СУБЈЕКТИВНО ДОЖИВУВАЊЕ – вие да се чувствувате добро во своја кожа, а не она што ви го наметнува средина. Тогаш секако нема да биде проблем да се опуштите во храната и пицата за празниците со најмилите.

Новогодишните и божиќните празници се пред нас, а истите Сања ги поминува во кругот на најблиското семејство – сопругот, синовите и семејството на сестра ѝ.

- Последните неколку години, откако го имам и помладиот син од 4 години, за новогодишните празници сум во кругот на најблиското семејство (со својата сестра и нејзиното семејство). Куќата е полна со деца, украсена како во најубава бајка, полна со подароци. Се слуша детска смеа и се чувствува задоволството на нас возрасните што сме им овозможиле безгрижност. Во јануари – февруари обично одиме на зимување, кое и понатаму го буди духот на новогодишните празници, секако семејно.

Кога е украсувањето на домот во прашање, целото нејзино семејство учествува во осмислувањето на декорациите, додека професионалците за декорирање се задолжени за реализацијата.

- Од мината година за уркасување на нашиот стан ангажираме професионалци за декорирање, за да ги исполнат сите наши желби и идеи. Во тоа со задоволство учествуваме сите заедно, а особено синовите.

За крај, Сања испрати и искрена новогодишна честитка за сите читалите на Женски магазин.

- На сите од срце им посакувам многу здравје, топли прегратки и причини за што повеќе смеа.

Ивана Мисајловска

Фото: Инстаграм/Приватна архива

ГАЛЕРИЈА од украсениот дом на водителката: