Ретро панталоните ќе бидат хит на есента: Мажите велат дека се најгрди на светот, а жените тврдат дека нема ништо поудобно од нив

Иако се актуелни веќе неколку сезони, карго панталоните, според модните критичари, ќе бидат врвниот моден тренд на есента.

Карго панталоните се удобни панталони, а најпрепознатлив детаљ секако им се страничните џебови. Во деведесеттите години на минатиот век беа апсолутно шик, речиси и да немаше жена која ги немаше во својата гардероба, а нивната популарност не опадна ниту на почетокот на овој век.

Првата асоцијација со карго панталоните беше Џеј Ло во спотот „Jenny from the Block“, а Кајли Миног ги обожаваше. Џебната Венера често ги комбинираше со штикли, докажувајќи дека едно спортско парче може да добие сосема нова форма и да остави поинаков впечаток.


Нивното ново издание е, ќе забележите, пософистицирано, но промените не се драматични. Сè уште се главно направени од природни материјали и удобноста е приоритет. Сега, наместо тексас и памук, има и модели изработени од високо-технолошки ткаенини и луксузна кожа.


Совршено одат со патики, штикли и чизми. Доколку сакате да изгледате софистицирано, можете да ги усогласите со предимензионирани модели на блејзери.


Фото: Инстаграм/ фреепик