Предновогодишно со Кирил Поп Христов – Кили: „Сум остварил сè во мојот скромен живот“

Откако по многу години поминати на Еквадор се врати во Македонија, Кирил Поп Христов, повеќе не отиде да живее во фасцинантната земја за која се вели дека е „средината на светот“. За себе има изјавено дека не е носталгичен,  па иако таму поминал преубав период, тој цврсто се води по својата животна девиза „не окреќи се сине“, што значи дека никогаш не се враќа назад. И додека речиси целото негово семејство е таму и се грижи за пансионите, ние, барем на кратко успеавме го вратиме назад во времето поминато на Еквадор и да дознаеме нешто повеќе за нивната култура во екот на новогодишната еуфорија. 

За почеток го прашавме колку време е во Македонија и како се слави Нова година на Еквадор. 

- Веќе подолго време сум во Скопје, а Еквадор ми е повеќе од далеку. Нова Година е пагански празник во Еквадор и не му се обраќа толку внимание. Тоа е еден ден и една ноќ за баханалии... Оние се католици, верници и само Божиќ си го слават.

ЖМ: Како мештаните слават Нова Година ако воопшто ја слават или секој ден им е празник?

Се слави на плажа, со многу алкохол и залудувања.

ЖМ: Како изгледа Нова Година на море?

Нив секој ден им е Нова Година, така да ништо необично.

ЖМ: Дали вашиот пансион е полн со гости овој период и дали Еквадор е посетен за време на новогодишните празници?

Пансионот го водат жена ми и ќерка ми, а они се беспрекорни во тоа. Секогаш се полни. Како што веќе напоменав, одамна не сум на Еквадор така што немам врска со хотелиерството таму.

ЖМ: Каде ќе ги дочекате претстојните празници ?

Во Скопје со мои драги пријатели...

ЖМ: Дали е заладено во Еквадор, какво е времето во овој период од годината?

На долната хемисвера, како што знаеш се  е обратно, дури и водата во сливникот се движи обратно од сказалките на часовнникот. Тамо сега започнува лето кое ќе трае до мај. Се е поинаку. Магнетизмот таму делува контра. Возбудливо е кога ќе се соочиш со тој феномен. Лето е, топло е, сите се голи.

ЖМ: „Немој да ме је*еш“ стана твој заштитен знак,  дали често знаеше да го употребиш и таму?

Не е тоа мој заштитен знак, вие така го класифициравте. Други знаци имам јас, пробувам да ги прочитам пораките на секојдневието и живеам во склад со нив. Луѓето забораваат на тие важни пораки.

ЖМ: Што е она што би сакале да го остварите во 2024, а не успеавте изминатите години?

Се сум остварил во мојот скромен живот... само да сме живи и здрави, тоа е мојата единствена желба.


Елеонора А.