Познат астролог тврди дека април ќе биде тежок за овие четири знаци: Внимавајте на грешки и љубовни бродоломи

Фото: Youtube- screenhoot- Pavel Globa TV/freepik


Астрологот Павел Глоба предвидува дека овој месец некои хороскопски знаци ќе ги замрсат конците во животот и време е тие да научат од своите грешки.

Рускиот астролог Павел Глоба, чии астролошки прогнози се исклучително точни и најценети, тврди дека вториот дел од април ќе биде многу предизвикувачки за следните 4 хороскопски знаци, додека двајца ги очекува особено тежок период.

ОВЕН

Овој знак е познат по своето агресивно однесување, а несогласувањата и проблемите со другите ги решаваат многу импулсивно. Често поради ваквите постапки запаѓаат во уште поголеми неволји. Сепак, во април, според Глоба, ќе бидат платени сите последици од арогантното однесување од минатото. Тој ве советува да не ја продлабочувате ситуацијата, туку да се соочите со последиците што ќе ви се појават и од нив да извлечете поуки за идните постапки.

ВАГА

Рускиот астролог истакнува дека во изминатиот период припадниците на овој знак не обрнувале доволно внимание на блиските луѓе, и дека ги девалвирале нивните чувства, што многу ги влошило пријателските и семејните односи, па во текот на април ќе се чувствуваат многу осамено. Потребно е Вагите што поскоро да поработат на поправка на врската, бидејќи се многу блиску до точката по која нема враќање, без разлика колку некој ве сака.

СТРЕЛЕЦ

Глоба нагласува дека Стрелецот би можел да претрпи големи загуби во текот на овој месец. Предвидува дека постои голема веројатност да раскинат со личноста што многу ја сакаат. Од друга страна, тој смета дека ако внимаваат на своето однесување и се обидат да го видат од перспектива на другите, ќе можат да спречат ваков непријатен развој на настаните кога е љубовта во прашање. Објаснува и дека треба да заборават на ароганцијата и себичноста кои често ги покажуваат, бидејќи овие особини може скапо да ги чинат.

ЈАРЕЦ

Можно е да имате конфликти на работа по ваша вина, пред сѐ поради мрзеливост и недостаток на работа, па затоа подгответе се за многу предизвикувачки остаток од април. Според Глоба, постои можност дури и да добиете отказ или да се соочите со огромни финансиски загуби.


Извор: курир