Повторно уапсен: Актерот Сергеј Трифуновиќ е приведен под сомнение за купување на недозволени супстанции?!


Актерот Сергеј Трифуновиќ синоќа околу 20 часот е уапсен во белградски Вождовац, пренесуваат медиумите. Како што се наведува, наводно купувал марихуана од познаник.

Српските медиуми наведуваат и дека е уапсен и 31-годишниот познаник на актерот кој му ја продавал марихуана. Двајцата се приведени во полиција. Актерот и неговите претставници сè уште не се огласија.

Потсетуваме, Трифуновиќ последен пат беше приведен во октомври минатата година, исто така во Србија, поради навреда на полицајци. Пред тоа имаше проблеми со полицијата и во Хрватска, за време на летувањето во Сплит. Пред неколку месеци доби забрана за влез во Хрватска и на територијата на Европската унија во траење од една година, поради неколку прекршувања кои ги направил додека бил во Сплит.

Фото:Инстаграм