Поранешна вработена во хотел брутално искрена: Луѓе, никогаш немојте да пиете од чашите во собите (ВИДЕО)

Уште на почетокот на видеото кажа дека не значи дека тоа е случај во секој хотел и дека таа само прераскажува работи од сопственото искуство...

Џенеса Ричард, поранешна вработена во хотел во Канада, на социјалните мрежи споделува различни приказни од нејзиното поранешно работно место, а во една од објавите откри детали поврзани со хотелските соби. Таа уште на почетокот на видеото посочи деа не мора да значи дека тоа е случај во секој хотел и дека таа само прераскажува работи од сопственото искуство.

„Никогаш, но никогаш не одете боси по хотелската соба или тепих. Тие поминуваат со правосмукалка по секој гостин, но можеби само еднаш годишно ги чистат убаво теписити. Подовите и теписите се полни со бактерии, па затоа препорачувам да одете во чорапи или во апостолки“ - вели оваа 26-годишна дама.

@janessarichard Spilling some  as an ex-hotel employee Part 4! #fyp #hotelfacts #pregnant #pregnancy #canadianmamas #canadian Stuck In The Middle - Tai Verdes

Згора на тоа, Џанеса вели дека ако сте платиле за ноќевање со појадок, но не сте стигнале на појадокот затоа што сте морале да заминете порано, може да побарате од персоналот да ви ја спакува храната. Во секоја хотелска соба, помеѓу другото, гостите добиваат по неколку чаши, но Џанеса вели дека не треба да пиете од нив.

„Се менуваат само доколку се очигледно валкани. Ако изгледаат чисто, се оставаат за следните гости.“

Исто така, таа откри дека поголемиот број од хотелите, еднаш годишно темелно ги чистат душеците. Во коментари многумина ѝ се заблагодарија што ги сподели овие детали.