Петар Грашо, Халид Бешлиќ и Жељко Самарџиќ заедно на крштевка во Скопје: Запејаа за мерак на Стефановски (ГАЛЕРИЈА)

Петар Грашо, Жељко Самарџиќ, Халид Бешлиќ, „Фрајле“ и многу познати лица од македонскиот јавен живот сношти се собраа на едно место и се веселеа заедно.

Менаџерот Кристијан Стефановски и неговиоот брат Игор од продукцијата „Прагма“, направија забава по повод крштевките на синот и на ќерката, а пријателите од целиот регион запејаа во нивна чест.

 „Драго ми е кога сум тука, вака неофицијално, а не на концерт. Ви благодарам што ми ја укажавте честа да бидат дел од ова големо семејство“, рече Петар Грашо. Во чест на браќата од продукцијата која ги организира нивните концерти и нивните семејства, Грашо отпеа неколку негови хитови и песни од Оливер Драгојевиќ.

Во придружба на „Балкан бенд“, пееше и Жељко Самарџиќ, кој го скрши мразот пред неговите колеги. „Во мое  време, овие песни се викаа стискавец. Стискајте се малку“, рече шарматниот Жељко во свој стил пред да ја испее „Љубавник“.

Халид Бешлиќ беше исто така дел од оваа забава, и очекувано, атмосферата беше највесела кога ја запеа „Миљацка“. „Ако даде Господ, ќе имам убав концерт овде“, ни рече Халид која на 26 ноември ќе пее во А1 Арената во Скопје. Настпија и „Фрајле“, на големо задоволство на присутните.

А, пред сите нив, забавата ја отвори нашиот Благоја Грујовски, весело, како што само тој знае, и ги орасположи гостите на стартот на убавата вечер. Гостите, освен „Балкан бенд“ ги забавуваше одличната Ивона Јо, со македонски и регионални хитови. Запеа и Васка Јанковска, дамата која го испеа хитот „Едерлези“ од филмот „Дом за бесење“, во дует со Мартинијан Кириловски. Менаџерот Кристијан Стефанвски беше голем пријател со Драган Вучиќ, кој пред нешто повеќе од три години запеа на неговата свадба со сопругата Ана, во истиот хотел. Во чест на Вучиќ, Мартинијан ја испеа неговата песна „Ника Ника,Марика“.

Семејни слики од Стефановски со сопругите и децата се вртеа на видео бимот за време на приемот на гостите. Меѓу нив беа Лила Филиповска- една од највеселите на забавата заедно со Ненад Георгиевски со сопругата. Тука беа и Мики и Светлана Црнокрак, Мирослав Кацаров, Александар Блажевски, Вера Мештеровиќ, Ирена Спировска со партнерот и многу други.

Милица Џаровска

Фото: Вангел Тануровски