Пејачката ужива во прегратките на згодниот Црногорец, од неговиот изглед ќе ви застане здивот: Кое е новото момче на Сања Вучиќ? (ФОТО)

Популарната „Ураганка“ пронајде нова љубов...

Познатата пејачка, Сања Вучиќ, неодамна стави крај на врската со фудбалерот Немања Гудељ, кој сега е во врска со Анастасија Ражнатовиќ.

Сепак, ниту Сања не губеше време, па фудбалерот брзо го замени со ново момче. Во прашање е манекенк и олимпиец од Црна Гора, Бошко Радуловиќ.

Тие двајца во јавноста за првпат се појавија на модната ревија на Бата Спасојевиќ и тогаш стана јасно дека се нешто повеќе од пријатели.

Бошко е познат спортист и спортот е негова најголема љубов. Сепак, тој има изградена кариера и како модел, а од неговите фотографии на социјалните мрежи на многу дами им застанува здивот.

View this post on Instagram

A post shared by Bosko Radulovic (@bosko_radulovic)

Како што пренесуваат српските медиуми, Сања и Бошко се во врска неколку месеци. Тие двајца одлично се согласуваат и се трудат секој слободен момент да го поминат заедно.

фото: Принтскрин / Инстаграм