Од Иуте, со љубов, за целата заедница и идните генерации: Спортското игралиште Инџиково во Оштина Гази Баба доби ново зелено руво

Почетокот на пролетта е секогаш убаво време за убави нешта, а на прагот на првите зелени никулци и пролетни бои, тимот на Иуте заедно со пријателите создаде почва за нови уште поубави почетоци, проткаени со надеж и желби за позелена иднина.

Изминатиов викенд, со донација на компанијата беше целосно пошумено спортското игралиште Инџиково во Општина Гази Баба, како заложба на компанијата за поздрава и зелена околина.

Под мотото Растеме заедно и здружени со дечињата од СОС Детско Село, дечињата од Гази Баба и фудбалскиот клуб, сите учесници добија дрво со свое име и иницијали, кое беше засадено и ќе се одржува низ годините како симбол на растење и извор на надеж.

Инџиково доби сосема ново зелено руво, низ призмата на 150те засадени дрва, 150 соништа, 150 желби за подобра иднина, секое посадено дрво како заложба за продолжување на мисијата.

Зелена иницијатива, одлична дружба и мигови за паметење, кои не само што ќе останат во сеќавање, туку ќе бидат цементирани како заложба и како наследство за сите останати, за подобро утре, за подобра иднина на генерациите кои доаѓаат.

“Она што ја прави оваа еко акција уникатна и посебна не е само нејзината одржливост, туку  симболиката на раст, грижа, влевање надеж и пораката што ја испраќаме за улогата што секој од нас ја има за креирање на подобра и почиста животна средина. Посадените дрва ќе бидат и одржувани низ годините, благодарејќи на соработката со Општина Гази Баба. Локацијата беше избрана во непосредна близина на децата од СОС Детско Село, за тие да можат да ги посетуваат и да сведочат на нивниот раст. Ова е само почеток, ќе продожиме и натаму да бидеме директни учесници, помагачи и едукатори во секој општествен сегмент на кој му е тоа потребно, со голема надеж за една долгорочна поубава слика за генерациите кои доаѓаат”, вели Биљана Мишиќ, Извршен директор на Иуте.

“Од сите дружби и тимски иницијативи досега, можам да кажам дека овој настан за нас беше еден од подрагите. Од обична идеја за тимска дружба и ден поминат во добро друштво, до почеток на една мисија на која даваме ветување на долг рок. Навистина ми е драго што видовме толку искрени насмеани ликови.  Особено кога тоа се прави со искрена љубов, резултатите се неизбежни”, додаде Златка Петреска, Менаџер за човечки ресурси во Иуте.

Донацијата е резултат на меморандумот за соработка помеѓу Иуте и Општина Гази Баба, со којшто не само што се обезбедуваат насади за пошумување, туку и нивна одржливост низ годините, како дел од планираните активности кои Иуте ги реализира како општествено-одговорна компанија која континуирано инвестира во заедницата.

Соработката е дел од неодамна започнатото партнерство на Иуте со Man And Mountain LLC, на тој начин приклучувајќи се кон најголемите еко иницијативи во нашава земја, во рамки на проектот за пошумување Сончева гора, партнерство на коешто сме многу горди.
Негувањето на овие вредности е од суштинско значење, целта на Иуте е и по завршување на настанот да продолжи да работи на јакнење на свеста, приклучување и одржување на вакви и слични иницијативи.

Растеме заедно, садиме надеж и иднина, создаваме вредности за идните генерации и нова перпектива. Продолжуваме понатаму со иста пареа и ентузијазам.


Пр објава