Новогодишна Елка: Најголемите трендови на украсување оваа сезона (ФОТО)

Новогодишните елки веќе долго време имаат посебен статус во светот на модата и трендовите. Како што трендовите на облека се менуваат од сезона во сезона, така се менуваат и трендовите на украсување на новогодишни елки.

Новогодишната елка на тој начин стана посебен дел од ентериерот и многу луѓе сакаат да ја украсуваат со најмодерни украси и да го менуваат нејзиниот изглед од сезона во сезона. Трендовите се менуваат циклично, па понекогаш актуелни се архаичните украси чија вредност е пред се сентиментална, а понекогаш трендовите се потпираат на определувањето на бојата и нијансата. Еве неколку идеи кои доминираат оваа сезона:

1. Ретро стил


Доминира стилот на осумдесетите, винтиџ орнаменти и црвени машнички... Акцентот е ставен на природниот изглед на елката, црвената, златна и сребрена боја... Елката мора да биде висока за да дојде стилот до израз,

2. Бели новогодишни елки или елки „покриени со снег“


Тие се во мода во последните неколку сезони. Тие се исклучително елегантни и нежни, а совршениот стил можете да го постигнете со малку декорација, со комбинирање на една или две бои. Оваа елка е практична и се вклопува во секој ентериер, а не е неопходно дрвото да биде високо за да се постигне целосниот ефект.

3. Скандинавски стил


Ова е еден од водечките трендови во последните три сезони. Скромните дрвја изгледаат како да се само исечени од дворот. Акцентот е ставен на природниот изглед, минималистичкиот пристап и неутралните бои кои се вклопуваат во собата. Ретките гранки го прават украсувањето на елката едноставно и лесно.



ФОТО: Инстаграм/Фрипик