НОВ АЛБУМ НА МУЗИЧАРОТ САШО ЛИВРИНСКИ: Нови песни кои личат на стари

Музичарот Сашо Ливрински, во четврток, на 4 април ќе го промовира својот нов албум, „Извор“. Промоцијата ќе се одржи во киното „Фросина“ во МКЦ од 20 часот.

„Вруток“ е музички проект создаден од Ливрински, во кој авторот на поинаков начин обработува македонски традиционални песни и ора.

„Македонско девојче“, „Со маки сум се родила“, „Ајде сонце зајде“, „Калајџиско оро“, „Чалгиско оро“, „Еленкино оро“ се дел од овој албум.

„Овој албум кој симболично е наречен „Вруток“ е специфичен начин на креирање и толкување на македонската мелопоетска целина, кој остава впечаток на старо, а всушност е нешто ново“, вели Ливрински за овој материјал.

На промоцијата во четврток, на големо кино платно ќе бидат прикажани и неколку спотови од темите од албумот кои ги изработи „Браво продукција“. 

(М.Џ.)