Натпревар за најсилно Велигденско јајце за сите и детски работилници за најмладите во Скопје Сити Мол

Скопје Сити Мол во пресрет на Велигденските празници организира нови едукативни, забавни и креативни содржини за најмладите. Од среда, 20 април до недела 24 април, со 16:30 до 20:30, вториот кат на Скопје Сити Мол ќе биде голема креативна работилница каде најмладите посетители ќе изработуваат велигденски оригами украси, ќе декорираат велигденски јајца во декупаж техника, како и со сликање и боење, ќе изработуваат скулптури и објекти од хартија и балон, фигури од пластелин.

Сите материјали за работилниците ќе бидат обезбедени од страна на Скопје Сити Мол, а целта е да се разбуди креативноста на најмладите и да се реализираат нивните креативни идеи со помош на водителите низ креативниот процес - дипломирани ликовни уметници кои ќе пристапат индивидуално кон секој учесник во зависност од неговата возраст и способност, со цел да постигнат максимални резултати и обезбедат уметнички продукти. Изработените украси ќе бидат изложени и достапни за сите посетители. 

Работилниците се отворени и слободни за сите заинтересирани посетители. Освен што ќе ги создаваат своите креации, најмладите посетители може да уживаат и во празничната Велигденска атмосфера во трговскиот центар надополнета со џиновски зајаци, јајца и украси.

На 24 април (Велигден) Скопје Сити Мол ги поканува посетителите на Bелигденски ринг – турнир во кршење јајца. На 2 кат од трговскиот центар во вистински ринг ќе се одбира најсилното Велигденско јајце, проследено со забава, смеење и дружење. Пријавите за натпреварот се одвиваат на самото место од 17.00 – 18.00 часот, а натпреварите почнуваат од 18.00 часот. Влезот е слободен, може да учествуваат натпреварувачи од сите возрасти, потребно е да носат со себе Велигденско јајце. Победникот на Велигденскиот ринг добива награда – ваучер од Скопје Сити Мол во вредност од 3.000 денари.

„Како и секогаш, Скопје Сити Мол го буди празничниот дух кај своите посетители овозможувајќи им незаборавно искуство за шопинг, забава, дружење. Овој пат за најмладите организираме навистина квалитетни креативни работилници и им овозможуваме да научат нешто ново, да создадат свое уметничко дело и да го покажат, да уживаат во празниците и да се забавуваат. А за сите со натпреварувачки дух, организираме забавен награден турнир за избор на најсилно јајце во Велигденскиот ринг. Секогаш сѐ што сакаат посетителите.“ – изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.

Следете ги профилите на Скопје Сити Мол на социјалните мрежи за да ја видите деталната програма по денови, или посетете ја веб страницата www.skopjecitymall.mk .

Скопје Сити Мол ги потсетува посетителите дека за време на Велигденските празници трговскиот центар ќе работи со мала промена во редовното работно време – од понеделник до сабота од 10.00 до 22.00 часот, а во недела и понеделник (24 и 25.04) од 10.00 до 20.00 часот. Кината, рестораните и кафетериите работат редовно.