Најцитираниот научник од областа на стоматологијата кај нас: Првата дама им го честиташе Меѓународниот ден на жените и девојките во науката

Денес првата дама на Македонија, Елизабета Ѓорѓиевска, сопругата на претседателот Пендаровски им го честиташе Меѓународниот ден на жените и девојките во науката. 

Инаку, како интересен факт е дека таа е најцитираниот научник од областа на стоматологијата кај нас. Од кај нас нема друг со толку цитати. Бети е прва од областа на стоматологијата и 28 од медицински науки. 

Тоа секако е за секоја почит. Таа и покрај улогата на Прва дама, не престана да работи како стоматолог и секогаш потенцира дека треба да градиме квалитетно општество и да помагаме, со акции, иницитијативи, заштита на жените, унапредување на нивните способности... сето она што таа го прави низ годините.