Најбизарниот трик за отстранување целулит, видеото го виделе над 2 милиони луѓе и сите се во шок: „Малку ми е срам, но ова навистина работи“

Многупати сме зборувале за корисните и одличните страни на апликацијата TikTok, меѓутоа, во морето добри идеи, сепак мора да има некои што ни изгледаат како да се надвор од сечиј ум. Така, Мелиса, која има 67 години, ги шокирала своите придружници кога го открила својот уникатен метод за отстранување на целулитот.

Мелиса рекла дека сѐ уште малку се срами од начинот на кој го прави тоа, но бидејќи ниту нејзините деца ниту сопругот немаат профили на оваа мрежа, се осмелила да го сподели својот трик со останатите тик-токери. Звучи неверојатно, но Мелиса го решава проблемот со целулитот со помош на мини правосмукалка!



„Ќе ви откријам нешто што веројатно треба да се срамам да ви го покажам, но сепак ќе го направам тоа. Со доаѓањето на летото целулитот почнува да се појавува сѐ повеќе, а колку повеќе стареете - имам 67 години - толку повеќе го имате“, рече таа. Мелиса од Тенеси во видео кое брзо стана вирално и собра повеќе од 2,3 милиони прегледи.



Така таа демонстрираше како поминува со уредот преку нејзините бутови.

„Навистина помага да се разбие целулитот. Мислам, навистина бев изненадена“, рече таа, предупредувајќи дека овој „третман“ не функционира со обична правосмукалка која е премногу силна, па предизвикува пукање на капиларите.

Коментарите на нејзиното видео беа за пофалба, многу жени и се заблагодарија што им открила толку добар трик, но повеќето беа изненадени од фактот што таа изгледа толку младо на крајот на седмата деценија.

„Имам 53 години, душо, и во споредба со тебе изгледам како да имам 100 години“, „Што и да правиш, се пријавувам да пробам. Изгледаш неверојатно!“, се само некои од коментари за изгледот на Мелиса.


Фото: msmelissa55 / screenshot