Моден двобој: Милена Антовска и Светлана Црнокрак во ист модел на фустан, на која подобро ѝ стои?

Фустанот кој е омилено парче меѓу девојките сезонава

Водителката Милена Антовска и манекенката Светлана Црнокрак се појавија во ист модел на фустан, само во различна боја, кој секоја го искомбинирала на свој начин.

Имено станува збор за парче кое може да се носи за посвечени пригоди, кое ја истакнува линијата на телото, има сензуално секолте и шлиц.

Милена Антовска избра таков во црвена боја и го надополни со нежен накит и црни сандали со кристали.

Црнокрак пак избра повпечатлива-златна нијанса која ја искомбинира со уште повпечатливи детали во кралско сина боја.

На двете одлично им прилега овој елегантен фустан кој ја истакнува нивната женственост. 


Фото: Instagram