Македонката која докажа и покажа дека машки костум на женско тело е вистински избор- за сите времиња!

Во текот на 20 век, особено за време на Првата светска војна, функционалноста во модата ја надмина естетиката. Поради низа околности, жените се повеќе ги прифаќаа машките работни места, па самата женска мода сè повеќе наликуваше на машката. Богатите жени во тој период претежно носеле панталони на својот имот, многу малку биле доволно смели да се појават во нив на улица.

Боемскиот стил на облекување најмногу го пропагираа жени од уметничките кругови. Дека жената во машки костум може да изгледа заносно и елегантно, секако покажа и Коко Шанел, која во тоа време отворено креираше панталони, иако тогаш се сметаа за средство за женска асексуализација. Беше заинтригирана од машката мода и сакаше да ги ослободи жените од срамот да се облекуваат. Така настана познатиот костим Шанел, кој вешто ги спои елементите на машката и женската мода, што дотогаш беше неприфатливо и строго санкционирано.

Во 1966 година, Ив Сен Лоран создаде машки костум за жени, кој доби посебно внимание во светот на модата. Потоа стана познат по својот минималистички и андроген стил. Влијанието на Ив Сен Лоран многумина го сметаа за зајакнување на жените, давајќи ѝ можност да носи облека што вообичаено ја носеа влијателни и моќни мажи. Причината за долготрајната и голема популарност на женскиот костим е неговата едноставност и симбол на врвното женско ослободување.

Денес неретко се носат такви костими, но првенствено треба добро да ви стојат.

А кај нас, токму такви, кои притоа добро ѝ стојат и во нив изгледа маркантно, е водителката Снеже Велков. Скоро на секое нејзино појавување таа е во костим со фантастичен крој кој од една страна ја глорифицира нејзината сила, а од друга страна нејзината модна префинетост.

Погледнете:

Фото: Инстаграм