Мајли Сајрус го украде вниманието на Греми наградите: Нејзиниот фустан кој се правеше 675 часа е вистинско ремек дело на високата мода

Мајли Сајрус ги привлече сите погледи со модниот изглед на овогодинешното доделување на Греми наградите.

Иако се пресоблече неколку пати, најголемо внимание украде фустанот што го носеше на црвениот тепих на почетокот на вечерта.

Проѕирниот фустан во златна боја е дело на модната куќа Maison Margiela. Тие сега објавија детали за изработката на креацијата. Фустанот го дизајнирал креативниот директор на брендот, Џон Галијано.

За изработка на фустанот потребни биле 675 часа.

View this post on Instagram

A post shared by Maison Margiela (@maisonmargiela)


„По повод 66. Греми награди, Мајли Сајрус носеше фустан од Maison Margiela Artisanal. Креацијата е дизајнирана за неа од креативниот директор Џон Галијано, а е направена во студиото за висока мода на Maison. Фустанот за кои беа потребни 675 часа производство, содржи макотрпен распоред од 14.000 безопасни игли“, напишаа заедно со видеото.

Под објавата следбениците коментираат дека во далечната 1997 година Галијано веќе правел фустани со безопасни игли, па сега се прашуваат дали ќе има уште такви креации во новата колекција. Имаше и такви кои се прашуваа на кој му се исплатело да работи толку многу часови за да направи таков фустан.

„675 часа за еден фустан. И самиот сум дизајнер, па се прашувам колку чини?“, „Како го носиш тој фустан?“, „На почетокот не можеш да видиш дека е фустан“, „Мајли изгледа сензационално во фустанот“, се дел од коментарите.

View this post on Instagram

A post shared by Recording Academy / GRAMMYs (@recordingacademy)


Фото: Инстаграм
Извор: Najzena.alo.rs