Кралицата Ранија наполни 53 години, а роденденот го прослави во најубавиот традиционален фустан: Деталите на ракавите се магични

Кралицата Ранија вчера го прослави својот 53 роденден, а по тој повод воодушеви многу фанови со нов портрет кој го потврдува нејзиниот вечен стил и елеганција. На фотографијата таа удобно позира на бел тросед, со насмевка држи голема шолја, а до неа се наоѓаат таблет и наочари. Токму оваа фотографија раскажува како кралицата е претставена во јавноста - во комбинација на традиција и модерност.

Нејзиниот моден стил комбинира класични и безвременски трендовски парчиња со елементи на традицијата кои во секоја прилика ја величат женственоста и добриот стил.

View this post on Instagram

A post shared by Jamalouki Magazine (@jamaloukimag)



А дека е навистина така, докажа со уште еден прекрасен фустан што го носела за една од многуте кралски задачи. Имено, на својот профил објави фотографии од нејзината посета на кујната на Firyal Kofahi во селото Хавар, а белиот фустан со виолетови детали е сон над соништата, додека салонките на Jimmy Choo се одличен пример за нејзината вешта комбинација на тренд и традиција.

View this post on Instagram

A post shared by Queen Rania Al Abdullah (@queenrania)


Инаку, јорданската кралица безброј пати се истакна како една од најелегантните членови на кралските семејства во светот.



Откако се омажи за тогашниот јордански принц Абдула (сега крал Абдула Втори) во 1993 година, Ранија го зафати светот со својот беспрекорен кралски стил.

View this post on Instagram

A post shared by Queen Rania Al Abdullah (@queenrania)



Еднакво елегантна во традиционалната јорданска облека, како што е во гламурозни фустани често украсени со дијаманти на раскошните гала вечери, филантропката и застапник за образование знае како да се облекува за речиси секоја пригода.


ФОТО: Инстаграм